Еве кои кошаркари ќе се борат за Македонија во Словенија

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Алеш Пипан на последниот ден од подготовките го соопшти списокот на играчи кои ќе играат за Македонија на Европското првенство.

Последни од играчите кои беа на подготовките отпаднаа Бојан Крстевски и Марко Симоновски.

Според тоа за Македонија ќе играат: Александар Костоски, Владо Илиевски, Дарко Соколов, Лестер Бо Мекејлеб, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Владимир Брчков, Тодор Гечевски, Перо Антиќ (капитен), Стојан Ѓуроски, Ѓорѓи Чековски и Предраг Самарџиски.

Прв настап на големите натпреварувања ќе имаат Брчков и Ѓуроски.

Македонија за Словенија ќе патува денеска, а првиот натпревар го игра на 4 септември против Црна Гора.

02.09.2013 - 09:22

најчитано сега