„Македонски пошти“: При издавање поштенски марки се постапува согласно законот за поштенски услуги

По вчерашното пуштање во опсек на поштена маркица со ликот на Скендер бег, се огласи и „Македонска пошта„ . Тие во своето соопштение наведоа дека секое издавање на поштени маркици се врши согласно со Законот.

Во прилог следи целосно соопштение од „Македонска пошта“:

Врз основа на објавите во медиумите за промоцијата на поштенската марка, ја информираме јавноста дека АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ при издавање на поштенски марки постапува согласно Законот за поштенски услуги, актите на Светскиот поштенски сојуз и Правилникот за издавање на поштенски марки и вредносници.
Во член 52 од Законот за поштенски услуги стои:

1 Поштенски вредносници се поштенски марки, стандардизирани поштенски пликови и поштенски картички со втиснати поштенски марки.
2 Органот на државната управа ја одобрува годишната програма за издавање поштенски марки што ја доставува давателот на универзалната услуга.
3. Поштенските марки треба да бидат во согласност со условите пропишани во актите на Светскиот поштенски сојуз.
Во Конвенцијата на Светскиот поштенски сојуз – Светска поштенска конвенција, во член 6 – Поштенски марки, дел 3 и 3.1 стои:
3. Поштенската марка ги содржи:
3.1 името на земјата – членка или територијата – издавач напишано со латинско писмо, или на барање на земјата – членка или на територијата – издавач на Меѓународното биро на СПС, кратенка или иницијали со кои официјално се претставува земјата – членка или територијата – издавач во согласност со условите прецизирани во Правилникот на Конвенцијата.

Во Правилникот за издавање и продажба на поштенски марки и вредносници од 14.01.2014 год.стои:
Член 6 – Обележја на поштенски марки
1 Поштенската марка е одлика на суверинитетот на државата и како таква треба задолжително да ги содржи следните елементи:
-името на државата Република Македонија напишано на латинско писмо
-издавачот Пошта
-назив на издание
-година на издавање втисната со арапски броеви
-номинална вредност искажана во денари напишана со арапски броеви и,
-име на авторот кое треба да стои на белината на марката напишано скратено и тоа: прво буквата на името и презимето на авторот.
2 На поштенските марки називот на изданието да се пишува на македонски јазик и на неговото кирилско писмо.
3 На поштенските марки поврзани со теми на личности од Албанската историја и култура, називот се пишува со албански јазик и неговото писмо.
4 На поштенските марки поврзани со теми на личности од светската историја и култура, името и презимето на личноста се пишува и во оригинал на јазикот и писмото од каде потекнува личноста.
5 На поштенските марки поврзани со флора и фауна се пишуваат и латинските називи на истите.
6 Комерцијалните поштенски марки освен обележјата од став 1 на овој член, задолжително треба да содржат и месец на издавање.
7 Поштенските марки може да имаат било каков облик под услов нивната вертикална или хоризонтална димензија да не биде помала од 15 мм ниту поголема од 50 мм.

Поштенските марки треба да бидат видливо одвоени со машинско запчење или на било кој друг начин.

 

 

 

18.01.2018 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега