Доленец: Дали е тоа Германец во кругот на 11 секунди пред крајот?

Не запираат реакциите на Словенците откако вчера на чуден начин им беше одземена победата против Германија. Повредениот репрезентативец на Словенија и ракометар на Барселона Јуре Доленец јавно праша зошто судиите не го казнија ракометарот на Германија кој на 11 секунди пред крајот на ист начин како и Благотиншек го спречил брзиот центар на Словенците.
„Дали е тоа Германец во кругот на 11 секунди пред крајот? Да јасно ми е, судиите ги вратиле само последните 11 секунди“ – напиша Доленец на социјалните мрежи.

Судиите од Литванија вчера по прегледување на снимката одлучија да и дадат црвен картон на Словенија и пенал на Германија со што Германците израмнија по звукот на сирената.

Ракометните фанови сметаат дека Словенија е оштетена. 

Словенечките ракометни претставници велат дека ќе поднесат тужба до арбитражниот суд во Лозана и судот за човекови права во Стразбур, а најавија можност и да го напуштат првенството во знак на револт поради судењето.

 

 

 

16.01.2018 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега