Ова се термините во кои Македонија ќе игра во втората фаза во Вараждин

Мечот против Германија и финалниот пласман на Македонија во групната фаза многу значат за распоредот на натпреварите на нашата репрезентација во втората фаза во Вараждин.

Доколку Македонија ја победи Германија и биде прва во групата, својот прв меч во Вараждин ќе го игра на 21 јануари во недела, вториот два дена подоцна во вторник на 23 јануари а последниот, третиот во среда на 24 јануари, кога ќе се играат сите натпревари од сите групи.

Доколку завршиме втори во групата, почнуваме порано, односно во петок на 19 јануари, на Водици. Со ваков развој на настаните вториот меч би ни бил во недела на 21 јануари, а последниот заедно со сите натпревари во четврток на 24 јануари.

Пласман

Прв натпревар

Втор натпревар

Трет натпревар

Први во група

Недела 21.01.2018

Вторник 23.01.2018

Среда 24.01.2018

Втори во група

Петок 19.01.2018

Недела 21.01.2017

Среда 24.01.2018

 

 

 

 

 

16.01.2018 - 13:50
Фото: 
РФМ

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега