Блатер ослободен од обвиненијата за корупција во ФИФА

Првиот човек на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Сеп Блатер беше ослободен од обвиненијата за корупција во оваа меѓународна организација.

Ослободителанта пресуда ја соопшти шефот на Комората за арбитража не етичкиот комитет на ФИФА, Ханс Јоаким Екерт.

Екерт додаде дека со оваа пресуда случајот Блатер е затворен и нема да се превземаат никакви понатамошни дејствија.

Ваквата одлука беше проследена со оставка на Жоа Авеланж од функцијата почесен претседател на ФИФА. Претходно Блатер рече дека Авеланж треба да биде лишен од таа функција. Неговиот став се темелел на тоа што Бразилецот во 90.те години од минатиот век бил вмешан во коруцписки скандал.

Авеланж своевремено беше обвинет за примање мито од една маркетинг агенција во висина од 1 милион долари.