ВИДЕО: Светот преплавен со антивоени протести за Сирија

 

Светот го преплавија стотици антивоени протести за Сирија. Само во Хјустон стотици излегоа на улиците против американскиот напад на оваа земја. 

Противниците на нападот беа нешто побројни и носеа транспаренти со натписи „Не ја сакаме војната на Обама“ и „Рацете подалеку од Сирија“.

Слични демонстрации беа забележани и во повеќе други американски градови како што е Вашингтон, токму пред Белата куќа за време додека Обама најавуваше дека се залага за воена интервенција во Сирија, но со согласност на Конгресот. 

И во Лондон илјадници протестираа носејќи дури и сириски знамиња. Одлуката на британскиот парламент за неучество во евентуалната војна беше поздравена. 

Во Франкфурт се собраа околу 700 противници на војната соопшти германската полиција, додека собири беа забележани и во Аман пред амбасадата на САД. 

01.09.2013 - 14:15

најчитано сега