Обама ја разочара сириската опозиција

 

Сириската опозиција е разочарана од одлуката на претседателот на САД Барак Обама да побара Конгресот да ги одобри воените удари врз сириската армија, изјави Самир Нашар, претставник на раководството на сириската национална опозициска коалиција.

- Опозицијата се надева дека Конгресот ќе ја одобри воената интервенција во земјата, потенцираше Нашар.

Истовремено, сирискиот државен весник „Ал Саура“ ја оцени одлуката на Обама за одобрение од Конгресот, за почеток на историско американско отстапување.

Весникот посочува дека однесувањето на Обама е мотивирано од тоа што тој останал без сојузници за таков напад, а и поради тоа што чувствувал дека му претстои неуспех. 

01.09.2013 - 13:31

најчитано сега