Реформите за следење на комуникациите пред пратениците

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и за безбедност, за надворешна политика, за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

Ќе бидат разгледани повеќе закони меѓу кои и законите за реформи во системот за следење на комуникациите. 

На дневен ред пред пратениците се и две измени и дополнувања на Законот за полиција, измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи, Предлог – законот за Оперативно – техничката агенција, Предлог-законот за дополнување на Законот за класифицирани информации и Предлог – законот за следење на комуникациите, сите во прво читање, како и измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, измените на Законот за инспекцијата на труд, измените и дополнувањата на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, измените и дополнувањата на Законот за спречување и заштита од дискриминација, сите во прво читање, како и измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, во второ читање.

Комисијата за финансирање и буџет треба да расправа за Предлог – законот за изменување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, во прво читање.

 

 

 

12.01.2018 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега