Нелсон Мендела излегува од болница

 

Поранешниот претседател на Јужна Африка и борец против апартхејдот Нелсон Мендела утрово излезе од болницата во Преторија, соопшти актуелниот претседател Јакоб Зума.

Тој дополни дека Мендела и натаму е во критична состојба, но оти утрово е испратен во неговиот дом во Јоханесбург, каде и натаму ќе може да добива интензивна нега.

Мендела беше хоспитализиран на 8 јуни, поради хронично воспаление на белите дробови.

„Неговата куќа е преуредена, така за да може таму да добива интензивна нега. За него ќе се грижат истите здравствени работници кои го лекуваа во болницата. Доколку неговата здравствена состојба повторно бара болничко лекување, повторно ќе биде префрлен во болница, информираше Зума. 

01.09.2013 - 12:29

најчитано сега