Булевар во Скопје наскоро ќе го носи името Есма Реџепова

Кралицата на ромската песна, славната скопјанка Есма Реџепова-Теодосиевска, наскоро во Скопје ќе добие булевар кој ќе го носи нејзиното име.

Вчера во Министерството за култура министерот Роберт Алаѓозовски се сретна со претседателката на хуманираното здружение “Есма и Стево Теодисевски”, Зорана Костовска, и долгогодишната активистка Мирјана Марковска.

Претседателката Костовска истакна дека оваа иницијатива за именување на булеварот по името на Есма поодамна тлее не само во самото здружение, туку и кај премногу луѓе во Македонија кои го почитуваат ликот и делото на Есма.

“Воодушевена сум од реакцијата на министерот кој вети дека преименувањето на еден од скопските булевари со името на нашата музичка кралица ќе оди релативно брзо, но сепак дека мора да влезе во законска процедура. Сите ние сме стрпливи, а најважно од се е тоа дека Скопје, како наш главен град, заслужува да има и ќе има булевар со нејзиното име. Впрочем, насекаде низ светот познато е дека улиците и булеварите се именуваат по имињата на познати пејачи, уметници, спортисти, новинари, глумци (како на пример: Тома Здравковиќ, Иво Робиќ, Елвис Присли, Грејс Кели, Мерилин Монро, Марлон Брандо, Џон Ленон….) па, така, и ние можеме, а пред се и сакаме да имаме булевар по името на Есма. Булеварот ќе биде, веројатно, некаде на потегот од Автокоманда, најмногу поради странците кога влегуваат во Скопје, а кои одлично знаат која е Есма, но и да им се објасни и на тој начин зошто ја почитуваме Реџепова. Сепак, локацијата на булеварот уште не е дефинирана, сега-засега е само предлог…”, објаснува г-ѓа Костовска.

 

 

 

 

11.01.2018 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега