Обама решен да употреби сила врз Сирија

Американскиот претседател Барак Обама вчера изјави дека е подготвен да преземе воена акција против сирискиот претседател Башар ал Асад, но дека за употреба на сила ќе побара дозвола од Конгресот.

Тој истакна дека шефовите на пратеничките групи во Конфгресот се согласиле дебата и гласање за ова прашање да  стават на дневниот ред на Парламентот, кога тој повторно ќе заседава.

Обама не соопшти што ќе се случи доколку Конгресот не дозволи воена интервенција во Сирија.

Зборувајќи за минатонеделниот напад со хемиско оружје во близина на Дамаск, Обама рече: Овој напад претставува навреда за човечкото достоинство. Исто така, претставува сериозна опасност за нашата национална безбедост.

01.09.2013 - 10:30

најчитано сега