Премиерот на Јемен го преживеа атентатот

 

 Премиерот на Јемен Мухамад Салим Басиндауа преживеа обид за убиство, откако вооружени лица пукаа во неговата моторизирана придружба  во Сана и избегаа, соопшти советникот на премиерот, Али ал Сарари.

Тој посочи дека некои од трите возила во моторизираната придружба се „изрешетани“ од куршуми, но никој не е повреден во синоќешниот напад, извршен кога Басиндауа се враќал дома после работа.

Ал Сарари додаде дека телохранителите на премиерот ги идентификувале регистарските таблички на автомобилот на напаѓачите и силите за безбедност сега се обидуваат да ги пронајдат.

Одредени медиуми пишуваат дека оваа изјава е конфузна, поради тоа што истиот советник претходни изјавил дека напаѓачите пристигнале со автомобил без регистарски таблички. 

01.09.2013 - 10:24

најчитано сега