СДСМ: Ќе победевме во повеќе општини ако беа фер локалните избори
-Нема повеќе избори со фантомски, поткупени и уценети гласачи, нема повеќе избори со корумпирани медиуми и злоупотребени земјоделци, стои во денешната реакција на СДСМ, на изјавата на македонскиот премиер Никола Груевски.
Според СДСМ, локалните избори се доказ за криминалниот начин на нивното спроведување од страна на Никола Груевски.
-За волја на вистината, доколку изборите беа спроведени на фер и демократски начин во Струмица тие ќе за завршеа уште во првиот круг. Со криминално спроведените избори ВМРО – ДПМНЕ на своето конто прокнижи десетина илјади украдени гласови, кражба која што беше верификувана со скандалозни одлуки на Управниот суд на Р. Македонија. Локалните избори ќе завршеа уште во првиот круг и во Куманово, а немаше да има потреба ниту од три круга и „силување “ на избирачкото право на гласачите во Центар. СДСМ ќе победеше и во многу други општини, стои во реакцијата на опозициската партија.
Од СДСМ велат дека прочистувањето на избирачкиот список и примената на препораките на ОБСЕ/ОДИХР не се опција, туку обврска за премиерот Груевски и ВМРО – ДПМНЕ.