Уште еден продолжен викенд во јануари - последен пред Велигден

Во претпоследната недела на јануари доаѓа уште еден продолжен викенд за верниците од православна вероисповед. Петок, 19 јануари е неработен ден за православните верници бидејќи тогаш ќе се одбележува Богојавление, Водици.

Сите неработни денови до крајот на годината

За сите граѓани

- 9 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
- 1 мај (вторник), Ден на трудот,
- 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
- 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
- 2 август (четврток), Ден на Републиката
- 8 септември (сабота), Ден на независноста
- 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
- 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
- 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

- 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)
- 06 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
- 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
- 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

- 2 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
- 1 ноември (четврток), Празникот на сите светци
- 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

- 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

- 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

- 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

- 8 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

- 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

- 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

- 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

- 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик.  

 

 

 

09.01.2018 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега