Тешко се диши: Екстремната загаденост ги наполни болниците за деца во Скопје

Алармантната загаденост на воздухот во Скопје за време на продолжениот празничен виденд го зголеми бројот на пациенти со респираторни проблеми. Загаденоста во комбинација со вирусите ја наполни детската болница во Козле. Таму деновиве биле хоспитализирани 85 деца со компликации. А секој ден во дежурните амбулантипрегледувале по стотина болни деца. Слична била состојбата и на Клниката за Детски болести.

-Честотата на поациентите е зголемена . Веќе во болницата во Козле се хоспитализирани 85 деца и 50-тина мајки. Ова е поради периодот на вируси, го очекуваме и грипот и секако поради последиците и симптомите од загадувањето. Најчестите патологии се пневмониите, бронхитите и секако ларинготот како честа веќе појава поради надразнителното дејство и од страна на ПМ 10 честичките за време на најголемиот период на загадување, изјави за Сител д-р Анѓелчо Андоновски, директор на Детската болница Козле.

Поради потешкотии со дишењето за време на празниците поради загаденоста на воздухот секоја вечер по десетина граѓани балале лекарска помош и на Клиниката за Токсикологија која сеуште функционира како Интернистички Ургентен центар. Дел од пациентите по прегледот биле пуштени дома, а потешките случаи ги препраќале на Пулмологија.

 

 

 

09.01.2018 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега