Универзитет „Гоце Делчев“: Штипјани дишат чист воздух

Штип е најнезагадениот град во земјава покажаа резултатите на лабараторијата „Амбикон“ при штипскиот универзитет „Гоце Делчев“(УГД), а која веќе еден месец има поставено мерна станица на општинската зграда во Штип.

Раководителот на лабораторијата Дејан Мираковски вели дека вчера станицата измерила 47 микрограми на метар кубен. Според него просекот е надминат само еден ден во текот на месецот, но и дека веднаш е нормализирано, благодарение на ветерот.  Мираковски забележува дека токму и главната причина што Штип има кавлитетен воздух е ветерот. Градовите во источниот регион немаат проблеми со загадувањето на воздухот во текот на зимскиот период и поради конфигурацијата на теренот. Тој истакна дека главен проблем со аерозагадувањето имаат градовите кои се во котлините и имаат поголем број на жители.  

Научниците од лабараторијата самите ги направиле мерните станици, кои чинат помалку во споредба со станиците кои можат да се набават. Резулатите од мерните станици засега се користат за научни цели. 

 

 

 

09.01.2018 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега