Макрадули: Интегрирана акција против загадувањето - ќе има и казни

Во повеќе градови од Република Македонија воздухот е алармантно загаден, а тоа претставува навистина голем проблем. Владата на Република Македонија презема мерки за решавање на овој проблем. Една од мерките е забрана за возила на скопско „Водно“, како и бесплатен автобуски јавен превоз за граѓаните.

За да се реши проблемот со загадувањето на воздухот Министерство за животна средина и Владата подготуваат акција, преку која за почеток ќе се утврди кои државни институции користат штетни горива за затоплување и таквите ќе добијат еколошки системи за греење.

-Министерство за труд и социјала и министерство за економија подготвуваат и се во завршна фаза за обезбедување на системи за затоплување за одредени домови, има посебни ставки и во министерство за економија за замена на грејни тела, а во подготовка е забрана за користење на јаглен како извор на загревање. – изјави Јани Макрадули – заменик министер за животна средина

За да нема дополнителен раст на ПМ 10 честичките ќе се заштитат и чистат дивите депонии за да не може да се палат, но и да ја загадуваат околината. Во наредниот период ќе се стимулира отворање на компании кои ќе го управуваат, селектираат и рециклираат отпадот. Има зачестени вонредни инспекциски контроли, а само во декември казнети се четири претпријатија заради тоа што загадувале. Ново е тоа што во иднина и комуналните инспектори ќе можат да казнуваат кога ќе забележат прекршок.

-Сметаме дека комуналните инспектори се доволно обучени и стручни да проценат одреден тип на загадување и за да земаат мерки и да бидат надзор. – вели Макрадули

 

 

 

09.01.2018 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега