Сакал да изгледа како машката кукла Кен, но го смени мислењето па сега сака нешто друго (фото)

Родриго кој има 34 години и досега на себе направил десетина пластични операции, сега решил дека е време да стане поженствен и да отпочне со процесот на менување на полот.

За време на последната 59. по ред операција, на Родриго му биле пресадени 3000 влакна на предниот дел од главата, а направен бил и зафат кој ќе го стимулира растот за косата да биде погуста. 

Ова е првата операција што ја направил откако изјавил дека “повеќе би сакал да биде стара жена”, а дури и ја разгледувал опцијата да отпочне да зема хормони кога ќе биде во 50-те години од животот.

“Не сакам да бидам стар маж, повеќе би сакал да остарам како жена. Сега, во триесеттите години сум среќен ваков каков што сум, но кога ќе дојдам во 50-те повеќе би сакал да живеам како жена, и тоа нема никаква врска со сексот. Мојот мотив не е сексуалноста, туку поинакво животно искуство”, рекол Родриго.

Инаку, тој половина од својот живот го поминал обидувајќи се стане “жив Кен”, па затоа не сака веднаш да се подложи на операција за промена на полот.

“Полека почнувам да изгледам поженствено и сакам се да оди полека, а не да направам се одеднаш како Кејтлин Џенер”, рекол “живиот Кен” кој на своите досегашни операции потрошил повеќе од половина милион долари – носот го оперирал 10 пати, во градите ставил импланти, со операција си направил “плочки” на стомакот…

 

 

 

09.01.2018 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега