Простете се од пролетните температури среде зима - неделава дожд и снег

Во следните два дена времето ќе биде претежно облачно, а по котлините со појава на магла и ниска облачност. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, повеќе врнежи се очекуваат в сабота и в понеделник, кога поради спуштање на постудена воздушна маса, врнежи од снег можно е да има и на некои повисоки места.

Минималната утринска температура в четврток ќе се движи од минус 2 до четири, а дневната од шест до 13 степени. Најстудено ќе биде в недела, со утринска температура од минус четири до два, а дневна од два до седум степени. 

 

 

 

09.01.2018 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега