СДСМ: Седум лица од Општина Центар потрошиле 9.000 евра за кафиња

 

СДСМ денеска обвини дека седум лица од Општина Центар во 9 месеци потрошиле 9.000 евра за кафиња и пијалаци.

- Потребно е да се соберат повеќе од 15 луѓе на оваа локација и да се напијат по едно кафе и по еден пијалак за да биде достигната оваа сума од 2.000 денари на ден, рече партискиот портпарол Петре Шилегов во изјавата на плоштадот Македонија, повикувајќи се на ревизорскиот извештај од Општина Центар.

Шилегов посочи дека изминатиов период ВМРО – ДПМНЕ се обидува во јавноста да наметне паушални теми за да го одвлече вниманието од реалноста во државата.

Според портпаролот на СДСМ, Македонија има најниска просечна плата во регионот, а информациите од ЕУРОСТАТ за 2012 година покажуваат дека во регионот сме на последно место по директни странски инвестиции. 

31.08.2013 - 15:12

најчитано сега