Две апсења на граничниот премин „Долно Блаце“

Две лица уапсени на граничниот премин „Долно Блаце“ отакако сакале да ја избегнат пасошката контрола.

Вчера во 18 часот и и 30 минути на граничниот премин „Долно Блаце“, поради избегнување на гранична контрола приведени се 36- годишниот H.A со косовска патна исправа, кој управувал патничко возило „БМВ Х5“ со косовски регистарски ознаки и 40- годишниот  H.A. (40) со косовска патна исправа.

Од МВР велат дека, подоцна, двете лица биле предадени на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север, при што им е изречена заштитна мерка забрана за влез во Република Македонија во времетраење од по 1 (една) година сметано од денот на изрекување на пресудата од Основен Суд Скопје I.

Тие ќе бидат депортирани преку  граничен премин „Долно Блаце“. 

Нешто подоцна вечерта во 00.05 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ бил приведен и задржан 23- годишниот В.З од Драч, Република Албанија, со бугарска патна исправа.

Тој биле приведен поради тоа што против него имало распишана меѓународна потерница од Сојузна Република  Германија. Подоцна тој бил  спроведен во полициска станица за понатамошна постапка.

 

 

 

03.01.2018 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега