Уште еден украден автомобил во Скопје

Новата година на 25- годишен скопјанец, не му започна убаво.

Имено 25- годишниот Ф.Л. од Скопје, пријавил дека на вчера во времето од 23.40 до 23.45 часот на улица „Кемал Сејфула" од страна на непознат сторител одземено му е патничко моторно возило "Пасат" со скопски регистарски ознаки, во кое имало паричник, две лични карти, две патни исправи, еден мобилен телефон и 250 евра со што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.230.000 денари.

Одземањето е извршено на тој начин што сторителот дошол до паркираното возило кое било запалено и со клуч во бравата, влегол во истото и заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

02.01.2018 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега