Нормализиран сообраќајот на патот Скопје-Велес, кај Хиподром

 

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес пред клучка Хиподром, кој, поради верижен судар на неколку возила, беше во прекин од изутрината околу седум часот, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Во сообраќајката, што се случи меѓу четири патнички возила, еден камион и автобус, според досегашните информации, се повредени три лица.

Сообраќајката во полиција беше пријавена во 7:40 часот.

 

 

 

02.01.2018 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега