Во 11:30 сите во „Борис Трајковски“ - да им покажеме на нашите кошаркари дека Македонија е со нив

Македонската кошаркарска репрезентација денеска во  11:30 часот, во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го одржи последниот тренинг пред  Европското првенство во кошарка, што ќе се одржи од 4 до 22 септември во Словенија.

Влезот во спортската сала за сите заинтересирани граѓани ќе биде слободен и е можност за сите нас да им покажеме на македонските кошаркари дека ја имаат нашата поддршка.

Кошаркарската репрезентација во понеделник е предвидено отпатува за Словенија. Првиот натпревар го играме против Црна Гора во среда од 17:45 часот во Јесенице. Потоа следат натпревари со Литванија и Србија.

31.08.2013 - 10:24
Фото: 
дневник