Малолетник во обид за грабеж со соучесник, го расекол и удирал по глава сопственикот на маркетот

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Во соопштението на МВР се вели дека на 23 ноември 2017 година околу 21 часот и 25 минути во маркет на улица „2“ во Скопје, малолетникот со закана со пиштол, заедно со уште едно непознато лице, на сопственикот на маркетот и неговата сопруга им ги побарале парите од касата.

-Сопственикот го фатил пријавениот за рака за да му го одземе пиштолот, но од позади непознатото лице со нож го расекол во пределот на десната подлактица, и со пиштол бил неколку пати удрен во главата, по што сторителите побегнале од местото на настанот- пишува во соопштението.

 

 

 

 

29.12.2017 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа