ВМРО - ДПМНЕ одлучи: Нема да се вратат во Собрание
Пратениците на опозицијата не се враќа во Собранието. Тие го продолжуваат бојкотот на закондавниот дом.
Оваа одлука на ВМРО-ДПМНЕ е донесена попладнево откако Кривичниот суд одлучи да го продолжи притворот за обвинетите за тероризам од 27 април.
Вчера лидерот на ВМРО – ДПМНЕ најави дека денеска ќе ја објават одлуката дали пратениците на опозицијата ќе се вратат во Собранието.
Кривичниот суд денеска донесе одлука за уште 30 дена да го продолжи притворот и домашниот притвор на уапсените меѓу кои се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, полициски функционери, полицајци и симпатизери на опозицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа