Седници на пет собраниски комисии

 

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани продолженијата на единаесеттата, дванаесеттата, тринаесеттата, петнаесеттата и дваесет и втората седница на Собранието на Република Македонија.

Преостанати точки од дневниот ред на 11-тата седница се предлог законите за изменување и дополнување на законите за културата, за регистрирање готовински плаќања, за заштита од пушењето, за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка, а Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија е единствена точка на 12-тата седница.

На продолжението на 13-тата седница се Предлог законот за трговија на зелени пазари, по скратена постапка, како и интерпелациите за работата на министерите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, и за труд и социјална политика, Мила Царовска, поднесени од пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамки на продолжението на 15-тата седница, пак, пратениците треба да расправаат за Предлог законот за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија, во прво читање, како и Предлог законот за издавање вредносни бонови – ваучери, исто така во прво читање, на предлог на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог законите за изменување и дополнување на законите за Судскиот совет на РМ и за заштита на сведоци, по скратена постапка, како и Предлог законот за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување постапка за утврдување одговорност за судија, исто така по скратена постапка се единствените преостанати точки на дневниот ред на 22-та седница на Собранието. 

 

 

 

27.12.2017 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега