Влада на РМ: Мицкоски и Заев се согласија дека е потребно опозицијата да учествува во реформите

Премиерот Зоран Заев, попладнево во Владата се сретна со Христијан Мицкоски, новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници, соопшти владината прес-служба.

„Премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се согласија дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси. Заеднички е констатирано и дека патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО и за тоа е потребен ангажман од сите политички субјекти, како на власта, така и на опозицијата“, се наведува во соопштението

 

 

 

26.12.2017 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега