Комисијата за надворешна политика предложи да се ратифукува договорот со Бугарија

Комисијата за надворешна политика денеска му предложи на Собранието да го усвои Предлог - закон за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.

Договорот е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете МНР и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година. Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска на седницата посочи дека Договорот ја отстранува блокадата од стртана Бугарија во однос на европската и евроатлантската интеграција на Македонија.

- Со него се обезбедува официјално признавање на македонскиот јазик како посебен, бидејќи јасно стои дека е потпишан на македонски јазик согласно со Уставот и бугарски јазик согласно Уставот, рече Поповска.

Додаде дека со Договорот се обезбедува јакнење на економската соработка меѓу двете земји. Артан Груби од ДУИ истакна дека оваа парламентарно мнозинство и Владата се посветени на принципот на етничка еднаквост, за добри меѓуетнички односи,

но и за нула проблеми со своите соседи во насока на интеграција на земјата во ЕУ и НАТО, а во тој дух е и овој Договор. Комисијата му предложи на Собранието да го усвои Предлог-законот за ратификација на Конвенцијата за ноќна работа, 1990. Конвенцијата за ноќна работа го уредува работењето ноќе и се применува на сите вработени лица, освен на вработените во земјоделството, одгледување добиток, риболов, поморски транспорт и внатрешна пловидба. Со неа се уредува и работењето ноќе на жените, при што содржи одредба во насока на заштита на мајчинството.

Со неа се елиминираат сите рестрикции во однос на ноќната работа, специфични за жените, за оние кои се насочени кон заштита на женската улога за репродукција и нега на новороденчињата. Се подобруваат можностите за вработување и работно ангажирање на жените, односно се овозможува жаната да има избор дали ќе работи ноќе или не.

Комисијата му предложи на Собранието да го усвои и Предлог – законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за редовен воздушен сообраќај помеѓу и вон нивните територии.

 

 

 

26.12.2017 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега