Тажна вест: Почина доктор Оровчанец

Вчера во Скопје почина проф. д-р Дагмар Оровчанец, истакнат гастроентерохепатолог, наставник и стручњак во својата област. Таа е родена во Љубљана, дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград во 1980 година. Својата професиoнална кариера ја продолжува во Скопје на Клиниката за гастроентерохепатологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде специјализира, докторира и супспецијализира во областа на гастроентерохепатологија

Проф. Дагмар Оровчанец како професор на Медицинскиот факултет во Скопје беше исклучително посветена на студентите. Од 2007 година таа беше дел од тимот на приватната болницата „Ре Медика“ во Скопје.

Таа важеше за исклучителен стручњак во својата област, ценет и почитуван колега, посветен наставник и, пред се, човек во вистинска смисла на зборот.

 

 

 

 

 

26.12.2017 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега