Македонците даваат и 200 евра за Нова Година - ова се најпримамливите дестинации годинава

 

Милано од европските градови и Белград од соседството се градовите каде македонските граѓани годинава сакаат да ги поминат новогодишните празници.

Цените на аранжманите за Милано се движат од околу 150 евра за две ноќевања и околу 200 евра за три ноќевања, а во цената е вклучено разгледување на градот и пречек на Новата година.

Големиот интерес за Милано е поради тоа што во новогодишениот аранжман вклучено е и разгледување на Верона, Венеција или Торино. Од туристичката агенција „ЈК Травел“ која новогодишното патување за Милано го нуди во пакет со Верона за две ноќевања и во комбинација со Торино за три ноќевања, велат дека поголем интерес има за аранжманот со две ноќевања. 

Помал е интересот за зимските туристички центри во соседна Бугарија поради тоа што во цената за новогодишните аранжмани не е вклучена новогодишната вечерва која во просек изнесува од 60 до 70 евра.

- Во Бугарија хотелите имаат задолжителна новогодишна вечера. Моментот е што цените на хотелите се поскапи кога се работи за Нова година, а термините по 7 и 8 јануари се поевтини за 30 отсто во однос на цената што е за Нова година. Новогодишната ноќ од самите хотели изнесува 60 до 70 евра и тоа не зависи од нас, туку е правило од нивна страна. Имаат задолжителна новогодишна вечер, која не е дадена факултативно. Можеби поради тоа за нијанса повеќе е барана Србија во однос на празничната понуда бидејќи во Нови Сад цел аранжман за новогодишната ноќ чини 99 евра, посоуваат од туристичката агенција „Савана“.

Атрактивен и годинава е Златибор во соседна Србија, каде цената за три ноќевања со вклучен новогодишен пречек се движи околу 130 евра. Од туристичката агенција „Атлантик Турс“ велат дека веќе имаат резервирано втор автобус за оваа дестинација. За љубителите на етно стил туристичките агенции нудат и дочек на Нова година во етно комплексите во Србија каде цените се движат околу 80 евра.

 

 

 

23.12.2017 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега