Фото: Блокада на крстосниците кај Нова Македонија и Мавровка

ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест поради притворањето на пратеници и уметници, а во врска со настаните во Собранието од 27 април и денес блокираше крстосници во Скопје.

Со автомобили, блокирани беа крстосниците кај трговскиот центар Мавровка и кај Нова Македонија.

Партијата за денес со почеток од 18:30 часот пред спортската сала „Јане Сандански“ најави протестен конвој од автомобили, кој ќе се движи по следната делница: од спортска сала Јане Сандански, кон – Железничка станица – Зграда на Црвен крст – Рекорд – Бул. Св. Климент Охридски – Бул. Патизански одреди – Рузвелтова – Бул. Илинден – Зграда на Влада на Република Македонија – Основен суд Скопје 1 – Скопје.

 

 

 

21.12.2017 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега