Намалување на аерозагадувањето до 2025 година скопјани ќе чини 380 милиони евра

За да се намали аерозагаувањето до 2025 година, град Скопје и скопјани тоа ќе ги чини 380 милиони евра, порачува научната фела.

Александар Дединец од МАНУ велат дека се спроведени се истражувања и на Скопје му се предлагаат неколку мерки:

-  Едната е ефикасни домови, изолација на домовите, втората мерка е обнова на уредите кои што се користат за греење и третата мерка е приклучување кон Топлификацискиот систем, односно поголемо искористување на топлификацискиот систем. Тоа според некои наши пресметки излегува околу  380 милиони евра, или отприлика во овој период од 2017 до 2025 година по 50 денари дневно секое семејство во Скопје треба да одвојува за да се реализираат овие мерки, вели Дединец. 

Со овие мерки  аерозагадувањето ќе се  намали  за 50 % до 2025 година, но доколку сите ивестираат и ги променат своите навики. Најнеквалитен воздух дефинитивно дишат жителите на  Гази Баба, а потоа следуваат  Сарај, Кисела Вода и Бутел.

Последиците од загадувањето, неодењето на работа,училиште, градинка,  здравствените последици врз граѓаните ја чинат државата 325 милиони евра на годишно ниво. Макрадули забележа дека било која инвестиција под 325 милиони евра ќе значи дека е исплатлива.

- Затоа се орентираме во насока на неколку полиња. Значи гасификацијата, како еден од методите или техниките за да стигнеме до решение, енергетската ефикасност не само на училиштата, туку и на бизнис заедницата, зазелевувањето, промовирањето на велосипедскиот сообраќај, како алтернатива, вели Макрадули.

Анализите покажале дека граѓаните на Скопје, кои се греат на дрва во текот на една зимска сезона во своите печки горат по една шума на Водно, а Макрадули забележа дека фрапантен е и податокот дека има граѓани кои сеуште се греат на јаглен, стари лакирани паркети или пластични шишиња во кои има прегорено масло. Апелира да се искористат субвенциите за купување на печки на пелети на цела територија во земјава., а веќе во Скопје имаат и одредено неколку објекти и улици, каде што ќе ги применат мерките.

 -Ние со помош на УНДП, тоа сакаме практично да го покажеме лоциравме неколку места во Скопје, каде што со промена на типот на загревање, дали се работи за училиште, градинка, зграда или неколку куќи ќе покажеме дека проблемот може да се реши. 

Научната фела  аламрира дека многу е и вознимирувачки и страшен податокот на Светската здравсена организација оти на  годишно ниво  од загадувањето умираат околу 1.300 граѓани. Токму и загадувањето е и четвртиот убиец на луѓето. 

 

 

 

21.12.2017 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега