Дебата за можните измени во Законот за медиуми

Во Клубот на пратеници денеска ќе се одржи трибина на тема „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми“.

Трибината е во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и на Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

Организаторите на трибината ги покануваат сите медиуми, новинарски и медиумски здруженија, граѓански организации што покриваат медиумски прашања, како и сите граѓани заинтересирани за оваа тема, да присуствуваат на трибината и да учествуваат во отворената диксусија со свои мислења и предлози.

 

 

 

21.12.2017 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега