Димовски: Нема да се кандидирам за претседател

Илија Димовски, пред почетокот на Извршниот комитет на партијата изјави дека нема да се кандидира за претседател, макар и бил одложен Конгресот.

„Немам намера да поднесам кандидатура, дури и да биде одложен Конгресот за февруари, зашто мислам дека не е време за персонални решенија“, рече Димовски.

Тој додаде дека очекува рационална одлука на вечерашната седница на Извршниот комитет, каде најави дека официјално ќе ги презентира барањата за транспарентен избор на нов претседател и одложување на Конгресот.

„Многупати досега дававме сугестии и забелешки, но во изминативе две недели нашите барања не беа соодветно третирани“, рече Димовски, кој е еден од потписниците на писмото што го потпишаа триесет високи партиски функционери кои јавно побараа одложување на изборот за февруари поради фаворизирање на еден кандидат.

 Извор Макфакс

 

 

 

20.12.2017 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега