Шекеринска: Јубилејна награда за сите припадници на МО и АРМ со 15 и повеќе години стаж

Министерката Радмила Шекеринска денеска ги информираше вработените во Министерството и Армијата дека  јубилејната награда ќе биде исплатена во целост, за сите вработени во МО и АРМ кои работат 15 и повеќе години во овие институции.

„Сите овие изминати години, 700 вработени што ги исполнуваат условите за добивање на јубилејна награда го тужеа Министерството за одбрана. Од овие 700 тужби, 250 веќе беа завршени и судовите пресудиле во корист на тужителите. Во тие пресуди МО веќе долго време исплаќа не само јубилејна награда, туку и судски трошоци“, рече министерката и дополни дека по основ на овие тужби Министерството исплатило над 13 милиони денари, од кои над 7,5 милиони се само судски трошоци.

Според Колективниот договор кој беше потпишан во  2013 година, право на јубејна награда имаат сите оние кои што се вработени во МО и Армијата 15 години, но одденеска тоа се менува и право на оваа награда ќе имаат сите вработени со АРМ и МО,  истакнала Шекеринска.

„Донесовме одлука која е издржана и правно и етички, да се измени овој член од Колективниот договор и да се каже дека правото на јубилејна награда го имаат и оние кои имаат 15 години стаж, но и оние кои имаат повеќе од 15 години стаж. Затоа денеска заедно со репрезентативниот синдикат со кој е потпишан Колективниот договор во 2013 година се усогласивме и потпишавме измена на Колективниот договор со која што ќе се овозможи јубилејна награда да им се исплати на сите вработени во МО и АРМ кои имаат 15 и повеќе години непрекинат работен стаж“, рече Шекеринска.

 

 

 

20.12.2017 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега