На полицијата ќе и се ограничи употребата на средства на присила

Владата на вчерашната 43. седница одлучи до Собранието да достави предлог за измена на Законот за полиција со кој ќе се ограничи употребата на средствата за присила со цел да нема прекумерна употреба на ваквите средства од страна на полицијата.

- На предлог на МВР Владата на вчерашната седница го утврди предлог законот за изменување и дополнување на Законот за полиција и донесе одлука да биде доставен до Собранието со предлог да се ограничи употребата на средства за присила кои можат да се употребат спрема група како што се физичка сила, полициска палка, електричен парализатор, хемиски средства, гумен пиштол, службени кучиња,..., рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција.

Основната идеја, нагласи, е средствата на присила да бидат користени со јасно утврдени процедури и правила, траење и интензитет на користење со цел да се заштити здравјето на оној врз кој се употребуваат.

- Во моментов со Законот полициските службеници имаат дискрециско право како да ги применуваат овие методи. Направена е анализа во МВР која укажува дека се потреби измени и оти треба да се воведат ограничувања на ова право и наначинот како се користат методите на присила со цел да се заштитат граѓаните од прекумерна употреба на сила, прецизира Бошњаковски. 

 

 

 

20.12.2017 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега