Караџовски: Не сум се потпишал на писмото со кое се бара одложување на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ

Екс директорот на Македонски шуми, Жарко Караџовски тврди дека не се потпишал на писмото со кое дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на Конгресот закажан за викендов во Валандово, иако неговото име беше објавено во медиумите.
Караџовски за Плусинфо вели дека поддржува промени, но ниту бил иницијатор, ниту пак се потпишал на писмото.

„Караџовски објаснува дека преку вибер добил порака со барањата за промени, на која одговорил потврдно дека ги поддржува, но дека не ставил негов потпис на писмото кое вчера беше објавено во јавноста, а со кое истакнати функционери на ВМРО-ДПМНЕ бараат да се одложи Конгресот за избор на претседател на партијата. На писмото како потписници стојат имиња на 30 членови на партијата.“ – пишува Плусинфо

 

Караџовски за порталот вели дека до сега ниту некој му се јавил, ниту пак му бил вршен било каков притисок за тоа како да гласа на Конгресот.

Вчера, Press24 го објави писмото кое 30 делегати му го испраќаат на Централниот комитет на партијата и на јавноста. Во него се бара одложување на Конгресот за 2 месеци и зголемување на бројот на делегати од 544 на 5000 кои ќе бидат делегирани од месните комитети на партијата.

 

 

 

20.12.2017 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега