ФОТО: Скопските градоначалници седнаа на иста маса

Денеска се одржа втората седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје. Како што информираат од Град Скопје, на седницата се дискутирало за поголем број прашања.

На денешната седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје се зборувало за процесот на собирањето на данокот за имот во 2012 година, каде е утврдено дека процентот за наплата за 2012 година изнесува околу 85 проценти.

 

- На седницата Координативното тело на градоначалници на Скопје донесе одлука со која се предвидува да се предложат измени на законот за данок на имот, во насока на надминување на проблемот со непријавените имоти. Со бараните измени би им се овозможило на службите на локалната самоуправа сами да имаат надложност да евидентираат имот и да издаваат решенија за данок на имот, изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

 

На седницата се дискутирало и за предлагање за измени во постапките за поставувањето на урбаната опрема во Скопје, каде во моментов има поделени надлежности помаѓу градот Скопје и општините и истото предизвикува нејаснотии и збунетост кај корисниците на овие услуги, Со новиот предлог, информираат од Град Скопје, се предвидува целокупната надлежност, од давањето на решението за поставување на урбаната опрема, до контролата и санкционирањето на евентуалните прекршители на правилата, целосно да прејде во надлежност на Градот Скопје.  

 

 

 

30.08.2013 - 15:43

најчитано сега