Детали за страшната несреќа кај Раде Кончар: Еден почина, двајца се борат за живот на Карил

45 минути по полноќ на булевар „Третта Македонска бригада“ во Скопје, пред раскрсницата со улица „Фрањо Клуз“, се случила сообраќајна незгода во која 51-годишниот З.В. од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над истото и удрил во бетонски ѕид од објект.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош кај возачот З.В. констатирана е смрт, а додека со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците.

 

Се работи за 17-годишниот М.К. и 24-годишниот К.К.  двајцата од Скопје, кои се пренесени во Ургентен центар Скопје и се задржани на КАРИЛ. Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

 

19.12.2017 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега