Тешка несреќа кај Раде Кончар: Еден загина на лице место - има и повредени

 

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска кога патничко возило удри во столб на булеварот „Трета македонска бригада“ кај фабриката „Раде Кончар“.

Полицијата соопшти дека во несреќата загинал 51-годишниот З.В. кој го возел автомобилот „БМВ“, а повредени се 17-годишниот М.К и 24-годишниот К.К.

Несреќата се случила околу 50 минути по полноќ, а по сообраќајката интервенирала и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

 

 

 

19.12.2017 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега