Ѕирнете кои скопски улици нема да бидат функционални во недела

Сообраќајот на потегот од крстосницата помеѓу улиците „Даме Груев“ и „Димитрие Чуповски“ до крстосницата со улица „Македонија, во недела во периодот од 6 до 13 часот ќе биде во целосен прекин поради изведување градежни работи, информираат од Град Скопје.

Сообраќајот од улицата „Даме Груев“ ќе се одвива по улицата „Димитрие Чуповски“.

Град Скопје апелира возачите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат на воспоставениот режим на сообраќај на овој потег за време на градежните активности.

30.08.2013 - 15:16

најчитано сега