ВМРО-ДПМНЕ: Зад лажната храброст на Заев се крие страв од избори

 

Очигледно господинот Заев ја користи истата тактика на господинот Црвенковски за барање алиби и изговори, зошто не треба да има избори.  Дури и воопшто не се разликува во изборот на зборови од него ако ги споредите нивните прес  конференции, те нешто недостасува, те нешто бара, те нешто не им чини.

Тие зад  лажната храброст која сакаат да ја демонстрираат за да си го охрабрат членството, кое и самото со потсмев гледа на овие нивни настапи,  евидентно покажуваат во нивниот поглед во очите израз на изгубеност и надеж избори да не се случат.

Како и да е, ако се суди по тоа што господниот Заев го кажува,  иако и малите деца се свесни дека човекот бега од избори  како ѓавол од темјан, ние остануваме да работиме  посветено да го оствариме тоа што сме го ветиле пред граѓаните,  истовремено  имајќи ја на ум  желбата и подготвеноста на господниот Заев изразувана во континуитет.

 

Што се однесува до тезата дека изборите биле криминални,  таа теза покажува само колку се отсечени од реалноста и не се свесни за фактот како граѓаните гледаат на нив, а да не говориме за фактот  дека со самото тоа тој самиот себеси се нарекува криминален градоначалник, со што Зоран Заев ја продолжува својата блескава кариера на политички гафови кои долго ќе се паметат.

(Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев)

30.08.2013 - 15:02

најчитано сега