Тешка сообраќајка на патот Тетово-Јажинце - осум лица повредени

На регионалниот пат Тетово-Јажинце, во близина на Слатино, вчеравечер околу 21 часот и 20 минути се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со тетовски регистерски таблици „Сеат кордоба“ управуван од 23-годишниот К.Б. од Долно Палчиште и „Ауди А4“, што го управувал 32-годишниот А.Ф. од Одри.

-Во несреќата, возачот А.Ф. и двајца сопатници од  „Аудито“ се здобиле со тешки телесни повреди (фрактури на рацете), а возачот на „Кордобата“ и другите 4 сопатници од „Аудито“ завршиле со телесни повреди. По укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, сите повредени пуштени се на домашно лекување, информираат од СВР Тетово.

Според првичните сознанија од увидот, причина за несреќата е недржење страна, а вкупната материјална штета се проценува на 150 илјади денари.

 

 

 

18.12.2017 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега