Груевски, Пешевски и Јанакиески не сакале да ги слушаат бомбите во СЈО

Во Кривичниот започна рочиште за предметите на Специјалното јавно обвинителство, „Траекторија“ и „Насилство во Центар“- 

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиерот Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Специјалната обвинителка Лиле Стефанова на рочиштето за „Траекторија“ рекла дека обвинетите во секое време и во предистражна и во истражна постапка можеле да направат увид во доказите. Таа на денешното рочиште во кривичниот суд истакнала дека обвинетите, експремиерот Никола Груевски и поранешните министри Владимир Пешевски и Миле Јанакиески не сакале да ги слушаат „бомбите“ кога биле повикани во специјалното јавно обвинителство.

„Не можеме да ви ги дадеме бомбите поради опасност од размножување и вметнување. 315 ‘бомби’ и ДВД со смс пораки ќе мора да ги слушате во судницата. Можеме само да ви ги дадеме транскриптите, но не и аудио материјалите“, рекла обвинителката Лиле Стефанова.

 

 

 

 

18.12.2017 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега