Полицијата на нозе: Уште две лица од Скопје се водат за исчезнати

Уште две лица од Скопје се водат како исчезнати, се работи за 48- годишен маж од Драчево и 84- годишен маж од Карпош.

Имено вчера во 12 часот и 40 минути во Полициската станица Карпош, Ј.М. пријавил дека нa 10.12.2017 година околу 10.00 часот неговиот роднина 84- годишниот Д.Т се оддалечил од домот во непознат правец.

Истиот ден но нешто подоцна во 23.00 часот во Полициската станица Драчево, 43- годишната Н.С од Скопје пријавила дека на 15.12.2017 година околу 08.00 часот, нејзиниот сопруг  48- годишниот О.С од Скопје, од засега непознати причини, од својот дом се одалечил во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица.

 

 

 

 

 

17.12.2017 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега