Пожар во близина на граничниот премин со Бугарија

Вчера во 11 часот и 40 минути, од страна на бугарските погранични служби на потегот помеѓу Граничен камен 59 и Граничен камен 60, во македонска територија, во атарот на село Панчарево, пехчевско, бил забележан пожар во кој горела сува трева и нискостеблести растенија.

Од МВР велат дека поради силниот ветар пожарот се ширел со поголема брзина кон територијата на Република Бугарија.

За пожарот веднаш биле известени Регионалниот центар за гранични работи Исток, Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Делчево, Територијалните противпожарни единици Делчево и Берово, полициската станица за граничен надзор Берово, Шумското стопансто „Равна река“ од Пехчево и Центарот за управување со кризи Берово.

Од страна на надлежните институции биле упатени  служби на терен.

Во 18 часот и 30 минути пожарот бил локализиран и ставен под контрола. Во пожарот била изгорена сува трева и нискостеблести растенија на површина од околу 20 хектари.

 

 

 

 

17.12.2017 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега