Влетале на терен и крвнички претепале двајца фудбалери на Вардар

Kaвадарчаните И.Ј.(20), Ј.К.(14), Х.П.(16), Ќ.К.(15) и А.З.(17), си заработија кривични пријави откако претепале двајца фудбалери на „Вардар“ - Неготино.

Како што информираат од полицијата, попладнето на 20-ти август петмината насилници со уште 20-30 лица влегле на теренот на Градскиот стадион во Кавадарци, додека се одржувал фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Тиквеш“-Кавадарци и ФК „Вардар“-Неготино, и физички нападнале двајца играчи од „Вардар“.

Фудбалерите биле удирани со тупаници по телата и си заработиле телесни повреди. Насилниците заработија кривични пријави за „насилство“.

 

30.08.2013 - 12:37

најчитано сега