Предизвикан пожар во скопска столарска работилница

Предизвикан пожар во скопска столарска работилница.

Вчера околу 08.00 часот во село Шишево, скопско, во столарска работилница сопственост на 71- годишниот С.К од Скопје, непознат сторител подметнал пожар. 

Сторителот најпрвин истурил непозната запалива течност во магацинскиот дел од работилницата во кој имало складирано поголема количина суви дрвени талпи. Потоа предизвикал пожар и побегнал во непознат правец- стои во соопштението од полицијата

Пожарот ги зафатил дрвената ограда на задната страна од магацинот, дрвената покривна конструкција од работилницата, машини и алати, целата дрвна маса и готови производи од дрво.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

16.12.2017 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега