Скопјани на протест ќе бараат чист воздух

Жителите на главниот град за денес, во 12 часот пред Владата ќе организираат протест поради високото ниво на загаденост на воздухот.

Протестот, кој е најавен и со настан на социјалната мрежа „Фејсбук“, ќе се организира под мотото „Станете за чист воздух“, при што е наведено дека иницијативата не потекнува од ниту една политичка партија, туку од граѓани што се загрижени за своето здравје.

Граѓаните имаат повеќе барања до належните иниституции, меѓу кои и итно чистење на сите главни и споредни улици и депонии во градот, забрана за сообраќај во најзагадените денови, освен за возила на пожарната, полицијата и брзата помош, службени возила за истовар на стока, бесплатен јавен превоз, забрана за градежни активности во зимските месеци итн.

Под мотото „Свесно и совесно ја бојкотирам наставата на моето дете“ група родители од Скопје предупредија дека од 20 декември нема да ги носат децата на училиште. Целта е им е да го привлечат вниманието на надлежните за да го решат проблемот со енормното загадување во главниот град. Попладнево родителитете за оваа најавена постапка добија поддршка и од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, од каде што побараа децата итно да се пуштат на распуст, а помалите да не одат во градинка.

 

 

 

16.12.2017 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега